Лани околу 40.000 невработени помалку

Bez autora
Mar 13 2013

Во Агенцијата за вработување, минатата година во земјава заклучно со 31 декември се регистрирани вкупно 243.403 невработени лица. Во споредба со претходната година, во 2012 година бројот на невработени е намален за 37.741 лице. Во однос на 2010, во 2012 година се евидентирани 77.938 помалку невработени, додека во однос на 2009 година кога во евиденцијата на Агенцијата се регистрирани 341.295 невработени лица, во 2012 година бројот на невработени е намален за 97.892 лица. Најмногу невработени, односно 47.342 лица се евидентирани во Скопје. Со 21.247 невработени на второ место е Тетово, потоа следува Куманово каде што имало 19.463 невработени лица, па Прилеп со 17.017 невработени, Битола со 15.428, во Струмица се регистрирани 13.642 лица, во Велес 10.914 и во Гостивар 10.383. Со 8.853 невработени лица следат Охрид, па Кичево со 7146, Струга со 7.094, Штип со 5.451, Крива Паланка со 5361...

Лани околу 40.000 невработени помалкуВо Агенцијата за вработување, минатата година во земјава заклучно со 31 декември се регистрирани вкупно 243.403 невработени лица.

Во споредба со претходната година, во 2012 година бројот на невработени е намален за 37.741 лице. Во однос на 2010, во 2012 година се евидентирани 77.938 помалку невработени, додека во однос на 2009 година кога во евиденцијата на Агенцијата се регистрирани 341.295 невработени лица, во 2012 година бројот на невработени е намален за 97.892 лица.

Најмногу невработени, односно 47.342 лица се евидентирани во Скопје. Со 21.247 невработени на второ место е Тетово, потоа следува Куманово каде што имало 19.463 невработени лица, па Прилеп со 17.017 невработени, Битола со 15.428, во Струмица се регистрирани 13.642 лица, во Велес 10.914 и во Гостивар 10.383. Со 8.853 невработени лица следат Охрид, па Кичево со 7146, Струга со 7.094, Штип со 5.451, Крива Паланка со 5361... Најмалку невработени има евидентирано во Крушево 1.631 лица.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik